Популарната HBO серија Game of Thrones ќе се појави на Facebook како друштвена игра. Disruptor Beam, бостонска компанија за игри ќе биде одговорна за претварање на митската земја Вестерос во друштвено искуство за играчи на Facebook во играта Game of Thrones Ascent.
Играта ќе биде сместена во светот на HBO серијата која е базирана на серијата книги A Song of Ice and Fire на Џорџ Р. Р. Мартин.
Играчите ќе имаат шанса да играат благородник во служба на една од седумте големи фамилии – моќниците како Старк, Ланистер и Грејџој – и да ја истражуваат земјата на политички интриги и опасност. Сместена во времето на ТВ серијата, светот е во војна и секоја голема фамилија се бори со другите за сопственост на Железниот Трон, што ја отежнува довербата.
„Сите во Disruptor Beam беа големи фанови на Game of Thrones уште пред да почнеме да работиме на играта, па знаеме дека фановите очекуваат конфликт предводен од ликови и интриги да бидат центарот на нашата нова игра. Вестерос е совршена локација за оваа наша визија на испреплетување приказни низ одлуки и социјални интеракции“ изјавил Џон Радоф, претседател на Disruptor Beam.
Иако Disruptor Beam не кажува многу за начинот на играње, тие велат дека играта ќе опфати голем дел од друштвените елементи на Facebook, и ќе бара од играчите да прават морални и политички избори со нивните пријатели слично на големите ризици во серијата. Тие сè уште немаат соопштено датум за играта.
Game of Thrones ја привршува втората сезона на HBO, финалето е закажано за 3 јуни. Серијата веќе е обновена за трета сезона која ќе се фокусира на елементи од третата книга A Storm of Swords. [‘Game of Thrones’ is getting a Facebook game]