„Гардијан“ фото на денот: Брод на духови, Скопје

Фотографија од Скопје е меѓу изборот на британскиот The Guardian за најдобри фотографии за викендов. Не, не е фотографија од новогодишното село Винтерленд, туку од пиратската атмосфера што го зафаќа градот во вечерните часови.

„Брод на духови“ – ја опишува „Гардијан“ фотографијата која прикажува една од галиите во Вардар обвиена целосно во „магла“.

Светската здравствена организација (СЗО) го прогласи Скопје за најзагаден главен град на Европа за 2018-та, потсетува весникот.

За разлика од „Гардијан“, нас најмногу впечаток ни остави оваа, сликана истата вечер на 22 декември:

Сите фотографии се на Роберт Атанасовски. Уште неколку погледнете ТУКА.

Прочитајте и:  Донесена Наредба за воведување мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции
- Реклама -