„Газпром“ ја запира испораката преку гасоводот Јамал-Европа низ Полска, резултат на контра-санкциите од Москва

Рускиот гасен гигант „Газпром“ објави дека ќе престане да го користи гасоводот во сопственост на „ЕуРоПол ГАЗ“ – заедничко вложување меѓу „Газпром“ и полската компанија PGNiG, која управува со полскиот дел од гасоводот Јамал-Европа.

„Воведувањето руски контра-санкции значи забрана за користење на гасоводот што му припаѓа на ЕуРоПол ГАЗ“, изјави портпаролот на гасниот холдинг – Сергеј Купријанов.

„Воведена е забрана за трансакции и плаќања кон ентитети подложени на санкции, за Газпром тоа значи забрана за користење на гасоводот во сопственост на ЕуРоПол за пренос на руски гас преку Полска“, рече портпаролот.

Контра-санкциите Москва ги објави доцна синоќа, таргетирајќи ги главно европските подружници на „Газпром“, вклучително и „Газпром Германија“, но и сопственикот на полскиот дел од гасоводот Јамал-Европа кој испорачува руски гас за Европа.

Прочитајте и:  Залужни: Апсолутно, 2024-та e година кога Третата светска војна започна

Портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков, рече дека не може да продолжат односите со компании кои се афектирани од забраната, ниту пак тие смеат да учествуваат во испораката на рускиот гас.

Ентитетите кои се најдоа на листата на руската влада, објавена на официјалниот вебсајт, претежно се базирани во земји кои ѝ воведоа санкции на Русија како одговор на нејзината инвазија на Украина. Најголемиот дел од овие земји се членки на ЕУ.

- Реклама -