Геј полицаец под истрага поради стриптиз за влез во реално шоу (Видео)

Џон Мекгинис кој и служи на полицијата на Масачусетс веќе 20 години, се најде на мета на јавноста откако на интернет се појави видео во кое тој за аудицијата на едно реално шоу, речиси и да се соблекува гол пред камера.

Полицаецот во видео-интервјуто отворено се декларира како хомосексуалец, и воедно додава како смета дека неговата сексуална определба може да допринесе до зголемување на гледаноста.

Гери Грим, шефот на полициската станица во која служи Џон, изјавил дека овој полицаец е под официјална истрага заради видеото, но дека се уште нема да биде суспендиран, додека да се истражат сите околности.

Шефот на полицијата воедно навел и дека најголемиот проблем со ова видео е тоа што Џон за време на снимањето ја носел официјалната униформа на нивната единица, и јасно го покажал нивното лого.

- Реклама -