Уметникот Јакуб Розалски живее и работи во Хамбург.
Неговите слики се вистинско патување во еден свет каде што се испреплетуваат минатото, иднината и фантазијата.
Епски битки на футуристичка воена технологија сместена во минатото, митски суштества и селска идила… Роазлски црта со стил и создава атмосфера на прекрасен и возбудлив сон.
Како што самиот уметник говори, создавањето на секоја една слика трае само околу 30 минути.
Брзо и детално, нешто што мораше да се сподели. Уживајте.