Најдоброто нешто кај ајфоните и ајпедите е што се базираат на ефикасност и ви го олеснуваат животот. Барем ако ги знаете овие генијални трикови:
Наместете ги сетинзите на телефонот на Airplane Mode и батеријата ќе се наполни два пати побрзо!
Напишавте вишок нула? Само лизнете со прстот (slide) на десно.
Патувате во странство? Користете Google Maps во offline метод. Едноставно зумирајте ја областа на мапата и тогаш впишете „ok maps“ во полето за пребарување – така ќе имате пристап до информацијата и покрај тоа што немате конекција.
Сакате помалку стрес за очите, особено ноќе?
Прочепкајте низ Settings -> General -> Accessibility -> Invert Colors.
Имате премногу омилени апликации на менито за брз пристап (dock)? Само повлечете фолдер на истото.
Ако два пати притиснете Space, ќе добиете точка (.)
Направете го ајпедот поудобен со THUMB тастатура. Едноставно swipe-нете преку тастатурата.
Додадете телефонски број со пауза. Држете ѕвездичка (*) после бројот и ќе се појави запирка. Потоа додадете го другиот број. Ова е супер кога повикувате броеви со екстензија.
Можете да затворите повеќе од една апликација одеднаш. Користете 3 прста – три апликации ќе се затворат одеднаш.
Можете да ги користите повеќето Bluetooth тастатури со вашиот ајфон и да го претворите во мини word processor.
Ако намерно згрешите во спелувањето на некој збор, ќе ја предизвикате поправката. Така, наместо да го пишувате целиот, згрешете една буква и одберете го бараниот. Ќе пишувате многу побрзо.
Кога калкулаторот е отворен, превртете го телефонот странично и ќе се претвори во дигитрон со екстра опции.
Можете да ја користите камерата и без да внесете пасворд. Едноставно, swipe-нете ја иконата за камера.