Гените се најчеста причина за болките во грбот

Правилното држење и седењето со исправен грв можеби некои луѓе нема да ги спаси од болки затоа што состојбата со ‘рбетот многу повеќе зависи од гените отколку од животниот стил.

Дегенерацијата или деформацијата на долниот дел на ‘рбетот или лумбалниот дел често се смета за главна причина за хронична болка во грбот. По одреден број години може да дојде до искривување на тој дел на ‘рбетот, а растот на коските да предизвика деформација.

Backache

Овие состојби предизвикуваат болка во грбот кај голем број од човечката популација, во прилог на што оди и истражувањето во кое учествувале близнаци кои се занимавале со различни професии, едниот возел камион, а другиот бил професор, а кое покажало дека двајцата по некое време имале дегенерација на долниот дел на ‘рбетот.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

„Повеќето промени на ‘рбетот се од генетска природа“, вели Франсис Вилијамс од Генетскиот истражувачки отсек на Кинг колеџот во Лондон. Порталот Кликс пренесува дека генот наречен PARK2 е виновник за болките во ‘рбетот.

How-To-Get-Rid-Of-Back-Pain

Во истражувањето учествувале 4 600 лица на кои им бил направен рентген на ‘рбетот, а снимките ги потврдиле резултатите, но истражувачите не го откриле лекот, а за намалување на болките препорачуваат вежбање, здрав начин на живот и по потреба физикална терапија.

 

 

 

- Реклама -