Гиф анимациите царуваат низ интернет просторот, кога станува збор за мачки и смешни ситуации, или мачки во смешни ситуации. Но како поминува времето, овој графички формат на изразување се повеќе влегува во уметноста. Хрватскиот студент Паоло Цериќ создава геометрички гифови и оваа визуелна уметност, како што вели тој, е инспирирана од текстури кој тој ги гледа во секојдневниот живот.