Џорџ Клуни и Мерил Стрип овогодинешни презентери на Golden Globe

Џорџ Клуни, Мерил Стрип и Џенифер Гарнер се меѓу ѕвездите кои ќе присуствуваат на Golden Globe наградите оваа недела, а официјалната сезона на награди ќе започне во Беверли Хилс.
На триото ќе му се придружат и презентери како Дебра Месинг, според Today show, чија мрежа ќе ги емитува Golden Globe наградите.
Повеќе презентери беа објавени на веб-сајтот на Golden Globe. Во игра се Џенифер Лопез, Аманда Сифрид, Кристен Виг, Џереми Ренер, Вил Ферел, Кери Вашингтон, Нејтан Филион и Џејсон Статам.
На наградите, кои се одржувани од Hollywood Foreign Press Association, домаќини се и Ејми Полер и Тина Феј.
Lincoln доби најмногу номинации оваа година, седум, а по него се Argo и Django Unchained со по пет, и Zero Dark Thirty, Les Misérables и Silver Linings Playbook со по четири.
70тите Golden Globe награди ќе се одржат во недела, на 13 јануари во хотелот Беверли Хилтон.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху
- Реклама -