Георгиевски: Ова се вика шах-мат на македонско-бугарските дискусии

Според поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО – Народна партија, проектот на Србија вреден 2 милијарди долари за железничко поврзување со Скопје претставува „шах-мат“ за македонско-бугарските дискусии. Во свој Фејсбук статус, тој индиректно ја критикува Бугарија дека многу малку или ништо не направила на ова поле, во споредба со Србија.

„На први август, точно кога се одбележуваше три години од Договорот за добрососедство помеѓу С. Македонија и Р. Бугарија, српскиот државен врв објави дека идната година почнува со градба и модернизација на железничката линија Белград – Скопје. Проектот ќе чини 2 милијарди долари само до Ниш, а возовите ќе можат да се движат до 200 км на час.
Ова се вика шах-мат на македонско-бугарските дискусии.
Се надевам за тоа време Бугарија ќе успее да додаде една лента на преминот кај Благоевград“, напиша Георгиевски.

Прочитајте и:  Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава
- Реклама -