Георгиевски: Ултиматумот од Бугарија значи суспендирање на Договорот за добрососедство

Дека Бугарија отиде предалеку со поставените „црвени линии“ со кои ќе ја условува земјава при преговорите за членство во Европска унија, говори и гласната реакција меѓу македонските политичари, која овојпат е и подиректна, но и покритичка. Во низата услови, Бугарија дури и отворено го оспорува македонскиот идентитет и македонскиот јазик како посебни од бугарскиот, а реагираше и еврокомесарот Јоханес Хан. Тој итно ги повика земјите членки да не злоyпотpeбуваат процесот на преговори за решавање на билатерални прашања и порача дека тоа никаде не води.

Во меѓувреме, со своја реакција се огласи и поранешниот премиер на Република Македонија – Љубчо Георгиевски. Како што пишува тој на Фејсбук, со најновите услови и „црвени линии“ Бугарија всушност поставува ултиматум со кој се суспендираат договорите за пријателство:

„Најновиот ултиматум од Бугарската влада го доживувам како суспендирање на Декларацијата за пријателство од 1999 година и Договорот за добрососедство од 2017 година“, напиша Георгиевски.

 

- Реклама -