Герилска акција – Четвртина од јавните средства се распрскуваат на коруптивен начин

Творешка акција за унапредување на свеста за корупција

Акцијата е развиена и реализирана во соработка со уметникот Никола Писарев од Центарот за современи уметности – Скопје, кој со својата креативност допринесе за уникатноста и разбирливата визуелна порака.

Проектот е поддржан од Zivik Funding Programme на Германското сојузно Министерство за надворешни работи, во соработка со ifa – Institut für Auslandsbeziehungen, а исто така со помош на Аналитика тинк тенк, ОЖС – Организација на жени од Струмица и ИГИ Гостивар.

Со оваа акција се заврши симболичната серија креативни јавни интервенции, која имаше за цел да ги активира младите и јавноста во борбата против корупцијата.