Германец од Берлин, чие име не се открива, веќе 20 години ги игра истите шест броеви на германската лотарија „6aus49“ која се извлекува секоја сабота.
Викендов му се посреќило. Извлечени се токму бројките што ги играл од јули 1998-ма, а Германецот освоил 1.67 милиони евра, објави берлинската лотарија.
Добитното ливче го платил 6.75 евра.