Германец штрајкува со глад против националната ТВ претплата

Германецот Рајнхард Дове веќе пет недели штрајкува со глад, бидејќи не сака да го плати задолжителниот данок за телевизија и радио.

Дове нема платено веќе година и пол. Вели дека 17.5 евра месечно не се многу пари, но протестира од принцип. Како главна причина наведува дека не му се допаѓа начинот на кој известуваат јавните медиски сервиси за настаните ширум светот. Не сака да гледа ТВ и да слуша радио, и затоа не сака ни да ги плаќа.

Син е на инвалид од Првата светска војна. Војната го ужаснува. Се наежува секогаш кога ќе види еднострано известување за настаните.

Тоа е една од причините, според него, заради која германските граѓани не можат да бидат присилени да плаќаат данок, без оглед на тоа дали користат ТВ и радио или не. Тој верува дека тоа е во спротивност со уставот на земјата, и од тие причини својот став го напиша и објасни и во писмо до надлежните. Очигледно, никој не бил заинтересиран да го слушне неговото мислење.

Непосредно пред Божиќ, на Дове му е блокирана сметката на која му стигнува пензија – резултат на одбивањето да го плати данокот. Веќе пет недели штрајкува со глад, а неговиот протест досега не вроди со никаков ефект. Сепак, не се откажува. Во своето писмо до локалните власти пишува дека нема да се откаже сé додека не се исполнат неговите барања.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои

„Многумина се загрижени, но не се обидуваат да ме премислат. Ми велат дека се среќни што некој конечно се одлучил да протестира. Јас не се согласувам со тоа што се емитува. Имам чувство дека сум лошо информиран и дека се манипулира со мојот ум. Затоа велам: Морам да ставам точка на ова“.

Надоместокот за таканаречената дозвола за емитување на јавниот сервис, во Германија е воведена во 2013-та година, и е задолжителна за сите граѓани. Месечната сума од 17.5 евра се наплаќа врз основа на живеалиште, без оглед на бројот на телевизори, радио приемници или компјутери. Досега се собрани повеќе од 100.000 онлајн потписи за укинување на задолжителниот надоместок за финансирање на јавното електронско емитување. Во април, со почеток од 29-ти, најавена е протестна кампања против ТВ претплатата.

- Реклама -