Германија бележи најмногу неовластени пристигнувања на мигранти од 2015 година

Бројот на мигранти кои влегле во Германија без дозвола ќе биде значително поголем оваа година отколку во претходните години, но трендот на пораст е запрен во октомври, според податоците објавени денеска од германската Федерална полиција.

Федералната полиција регистрирала 112.178 неовластени влегувања од јануари до октомври. Минатата година во целина имало речиси 92 илјади неовластени пристигнувања во земјата. Вкупниот број е највисок од 2015 година, според германската Влада.

На 16 октомври, германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер ги објави плановите за повторно воведување фиксни гранични проверки на границите со Полска, Чешка и Швајцарија. Фезер првично рече дека граничните проверки ќе бидат во сила 10 дена, иако оттогаш тие постојано се продолжуваат.

Слични гранични проверки се спроведуваат долж германско-австриската граница веќе неколку години.

МИА

- Реклама -