Германија бележи рекордно ниска стапка на невработеност

Федералната агенција за вработување бележи рекордно ниска невработеност во Германија.

Според податоците од март, земјата ја достигна најниската стапка на невработеност, од обединувањето во 1990 година па наваму. Наместо за 10 илјади, како што прогнозираа експертите, бројот на невработени во Германија е намален за цели 30 илјади луѓе, само за еден месец. Во моментов, стапката на невработени граѓани изнесува 5.8 отсто од вкупното население.

Според Агенцијата за вработување, пазарот на трудот продолжува да се развива во многу позитивна насока. Стапката на вработување постојано расте, а побарувачката на работна сила станува сé поголема.

Се очекува дека на крајот на 2017 година, Германија ќе има 44 милиони вработени, и околу 2.5 милиони невработени, соопштува МИА.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои

Меѓу невработените има и огромен број бегалци. Најмногу нови работни места во моментов има во јавните услуги, образованието и здравството. Тоа е подем во сфери кои, видливо, исто така имаат директна или индиректна поврзаност со напливот од мигранти во Германија.

- Реклама -