Германија даде амин, ќе се залага Македонија да влезе во НАТО уште во февруари

Владата во Берлин даде согласност за прием на Македонија во НАТО и ќе се залага процесот да биде завршен брзо, пренесува „Дојче веле“.

Приклучувањето на Македонија во НАТО е „важно за безбедноста во евроатлантскиот простор“, но е и „важен имплус за натамошна стабилизација на Западниот Балкан“, се вели во соопштението од германската влада.

Оттаму сметаат дека условите за приклучување на Северна Македонија во НАТО се постигнати и дека веќе во февруари годинава земјите членки би требало да го потпишат пристапниот протокол. Владата во Берлин, пак, стои во соопштението, ќе се залага процесот да се одвива брзо и формалното приклучување на Македонија во НАТО да се случи уште истиот месец.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои

Повеќе на „Дојче веле“.

- Реклама -