Германија сигурна, Холанѓаните изненадени (видеа)

Вториот ден од Европското првенство донесе не толку возбудливи натпревари во „групата на смртта“ и едно големо изненадување.

Иако Данците важеа за аутсајдери во групата во која се уште и Германија и Португалија, сепак веднаш демонстрираа дека никој не може да ги отпише пред време. Па, на натпреварот на кој и покрај тоа што „Лалињата“ доминираа главно на средината од теренот, Данците мудро, тактички издржано со трпелива игра стигнаа до големата победа, прва за нив над Холандија по цели 45 години.

Носителот на победата за Данска е Михаел Крон-Дели кој во 24. минута на асистенција на Симон Полсен го матираше Стекеленбург, што на крајот се покажа сосема доволно за конечната победа. Холандија во првиот дел имаше 11 шута кон голот на Данска, но само два во рамките на голот, притоа во 36. минута Арјен Робен го погоди и дирекот од противничкиот гол.

{youtube}i0MHRUS4p5A{/youtube}

Во натпревар во кој едни од најдобрите европски селекции Германија и Португалија им останаа должни на љубителите на фудбалот, до голем триумф на патот кон четвртфиналето стигнаа „Pанцирите“ благодарение на погодокот на Марио Гомез во 72. минута од единствената вистинска шанса за нив на натпреварот.

Германците заедно со Данска се издвоија на врвот во „групата на смртта“ со сериозна предност во очекување на преостанатите две средби во Групата Б. Во „мртво“ прво полувреме одбележано од само четири шута во рамките на головите на двете страни, најголемата можност во првите 45 минути ја имаа Португалците преку Пепе кој во последните секунди од десеттина метри стрелаше во пречката а топката отскокна од самата гол линија.

{youtube}0l_aUj5UFDo{/youtube}

Сосема еднакво се играше и во вториот дел, во кој Германците преку Марио Гомез ја искористија единствената своја вистинска шанса на дуелот во 72. минута за минимален триумф од 1:0. До крајот на натпреварот Португалците со сите сили се обидоа да дојдат до израмнување. Нани ја имаше најголемата можност за во 85. минута, но пречката од голот на Нојер уште еднаш беше последен стоп за европските Бразилци.

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -