Германија испраќа над милијарда евра воена пoмош во Украина

Берлин, 18 април 2022 (МИА) – Германската Влада соопшти дека планира да издвои повеќе од милијарда евра воена помош за Украина.

Германскиот министер за финансии, Кристијан Линднер, потврди дека владата одлучила да ја зголеми меѓународната помош за одбранбениот сектор на две милијарди евра, а повеќето од оцие средства ќе бидат наменети за Украина како воена помош.

Средствата Украина најмногу треба да ги користи за купување воена опрема, јавија американските медиуми.

Овој потег доаѓа по притисокот од Украина, бидејќи претседателот Зеленски денеска повторно побара повеќе оружје од земјите што го поддржуваат, но и по критиките од другите влади на ЕУ за „очигледниот недостаток на поддршка од Германија за Киев“.

Прочитајте и:  Џо Роган: Бајден и Зеленски сакаат светска војна, Кличко му одговори - тоа е руска пропаганда
- Реклама -