Федералната разузнавачка служба на Германија ги следела институциите на европските држави и САД, објави магазинот Der Spiegel.
Германското разузнавање до втората половина на 2013 година ги шпионирало активностите на амбасади и други институции на земјите-членки на ЕУ, вклучувајќи ги Франција, американски објекти како и други цели кои биле надвор од надлежностите на службата.
Контролното тело на парламентот на СРГ побарало од владата да добие пристап до податоците. Пратениците планираат и да испрашуваат вработени во разузнавањето, за да утврдат кој од нив е свесен за нелегалните активности на службата.