Германија ќе издвои 100 милијарди евра за опремување на армијата

Берлин, 31 мај 2022 (МИА) – Делот од специјалниот фонд од 100 милијарди евра што Германија планира да го издвои за обновување на својата армија по руската инвазија на Украина ќе припадне на воздухопловните сили, пренесуваат странските агенции.

Предвидено е 40,9 милијарди евра да се потрошат за развој и купување, вклучително и купување борбени авиони Еурофајтер и Ф35, како и изградба на вселенски систем за рано предупредување.

Од преостанатите пари, 19,3 милијарди евра се наменети за морнарицата, уште 16,6 милијарди евра за набавка на нови бродови и подморници, како и за развој на наследникот на пешадиското борбено возило од типот Мардерин.

Прочитајте и:  Зеленски: Во секој руски дрон има 85 странски компоненти, вакви напади се можни само поради заобиколувањето на санкциите
- Реклама -