Германија објави нов пакет одбранбена помош за Украина во вредност од една милијарда евра, соопшти тамошното министерство за одбрана.
Според германското Министерство, програмата опфаќа системи за противвоздушна одбрана, оружје и копнени возила.
– Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина со она што и е најитно потребно – противвоздушна одбрана, муниција и тенкови, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
– Со овој нов „зимски пакет“ дополнително ја зголемуваме оперативната подготвеност на украинските вооружени сили во наредните месеци, додаде тој.
МИА