Германија очекува и до 1,5 милиони баратели на азил

Германските власти очекуваат дека во Германија годинава ќе дојдат до 1,5 милиони баратели на азил, објави списанието „Билд“ во денешното издание.

Списанието ја објави информацијата повикувајќи се на предвидувањата на власта, кои биле класифицирани како доверливи, пренесува Ројтерс.

Претходно беше објавено дека се очекува во Германија до крајот на годината да дојдат помеѓу 800.000 и милион бегалци.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбе изјави дека е неопходно да се ограничи бројот на луѓе кои доаѓаат во Европа, која што се соочува со најголемиот бран мигранти од Блискиот исток и Африка.

„Мораме да го ограничиме бранот во Европа“, нагласи Шојбе во интервју за германската телевизија ZDF.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои

Шојбе истакна дека Европа треба да биде подготвена да ги прифати луѓето, но дека „не можеме да го направиме она што е невозможно“, пренесува Ројтерс.

Се проценува дека повеќе од 200.000 мигранти пристигнале во Германија само во септември, што е речиси исто колку што вкупно пристигнале во текот на целата година лани.

- Реклама -