Германија планира да испрати 1.200 војници во Сирија

Можно е германските војници да бидат испратени во Сирија уште пред крајот на годината.

Германија планира да испрати 1.200 војници во Сирија за да помогнат во меѓународната борба против “Исламска држава”, соопштува британски Telegraph.

Германија искажа намера да ја поддржи Франција преку формирање на меѓународна коалиција со разузнавачки авиони. Конечната одлука за испраќање на војници ќе ја донесе Бундестагот следната недела.

Откако операцијата ќе биде одобрена, војниците ќе бидат испратени што е можно побрзо – тие можат да заминат за Сирија уште пред крајот на годината. Се уште не е јасно колку долго ќе трае германското учество во битката против ИД.

Францускиот претседател Франсоа Оланд одржа голем број средби со светски лидери, за да оформи широка воена коалиција против “Исламска држава” по нападите во Франција во кои што загинаа 130 лица.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои

Како САД, така и Русија, и Франција вршат воени напади против базите на ИД во Сирија.

- Реклама -