Германија планира петкратно зголемување на воената помош за Украина

Германската влада планира значително зголемување на воената помош за Украина. За таа цел, буџетската комисија на утрешната седница сака да одобри дополнителни средства во износ од 12 милијарди евра, објави „Франкфуртер рундшау“.

Парите ќе бидат искористени за директна испорака на оружје за Украина, како и за надополнување на залихите на Бундесверот, кои се исцрпени поради испораките за Украина.

Според весникот, Бундесверот ќе може да ги потроши првите средства веќе оваа година. Резолуцијата предвидува финансирање и за следните години.

Досега за германска помош за оружје за Украина се издвоени околу три милијарди евра. Со одлуката планирана за утре оваа сума ќе се зголеми на 15 милијарди евра.

Прочитајте и:  Пентагон: Нема знаци на присуство на севернокорејски војници во Украина

МИА

- Реклама -