Германија сè уште увезува руска нафта, преку Индија

И покрај ограничувањата на увозот, Германија очигледно сè уште увезува големи количини нафта од Русија преку Индија, објави денесла германската Федерална статистичка служба.

„Увозот на нафтени деривати од Индија се зголеми во првите седум месеци, во споредба со истиот период минатата година, за повеќе од дванаесет пати“, објави Федералното биро за статистика. Според Обединетите нации, Индија во истиот период увезла големи количини сурова нафта од Русија.

Кога станува збор за увоз од Индија, првенствено се работи за деривати кои се користат во производството на дизел или масло за греење. Според Федералното биро за статистика, Индија увезува сурова нафта за производство на овие деривати исклучиво од Русија од почетокот на рускиот напад врз Украина.

Поради нападот на Украина, Германија го прекина директниот увоз на нафта од Русија, а западните земји воведоа ограничувања на цената на нафтата од Русија. Неделникот „Шпигел“ објави дека, и покрај овие ограничувања, Русија сè уште добива многу повеќе од 60 долари за барел нафта, што е горната цена што ја одредуваат земјите од Г7 за нафтата од Русија.

Во последниве недели, германските медиуми се почесто известуваат за тоа како Русија ги заобиколува западните економски санкции со увоз и извоз преку соседните земји како Казахстан.

Прочитајте и:  Москва подготвува одговор на ракетните напади со ракети АТАКМС врз Курскиот регион

„Увозот на нафтени деривати од Индија се зголеми во првите седум месеци, во споредба со истиот период минатата година, за повеќе од дванаесет пати“, објави Федералното биро за статистика.

Според Обединетите нации, Индија во истиот период увезла големи количини сурова нафта од Русија.

Кога станува збор за увоз од Индија, првенствено се работи за деривати кои се користат во производството на дизел или масло за греење. Според Федералното биро за статистика, Индија увезува сурова нафта за производство на овие деривати исклучиво од Русија од почетокот на рускиот напад врз Украина.

Поради нападот на Украина, Германија го прекина директниот увоз на нафта од Русија, а западните земји воведоа ограничувања на цената на нафтата од Русија. Неделникот „Шпигел“ објави дека Русија, и покрај овие ограничувања, сè уште добива многу повеќе од 60 долари за барел нафта, што е горната цена што ја одредуваат земјите од Г7 за нафтата од Русија.

Во последниве недели, германските медиуми се почесто известуваат за тоа како Русија ги заобиколува западните економски санкции со увоз и извоз преку соседните земји како Казахстан.

МИА

- Реклама -