Германија во јули ќе ѝ ги испорача на Украина првите 15 тенкови „Гепард“ (ВИДЕО)

Германија во јули ќе ѝ ги испорача на Украина првите 15 тенкови „Гепард“, изјави денеска портпаролот на германското Министерство за одбрана, со што ги потврди информациите во медиумите.

Како што посочува „Дојче веле“, се работи за против-воздушен тенк кој располага со два топа од 35 милиметри и се користи за борба против летала на височина до 3.500 метри, но и против лесно оклопни копнени мети – како пешадиски возила и транспортни тенкови. Од друга страна, „Гепардот“ е немоќен против борбен тенк, бидејќи неговите топови имаат релативно мал калибар.

Сепак, она што е важно за Украинците е што тенкот е специјално дизајниран за отпор против оклопни борбени хеликоптери, како што се советско-руските Ми-24, потенцира „Дојче веле“.

Прочитајте и:  Пентагон: Нема знаци на присуство на севернокорејски војници во Украина

Онлајн изданието пишува и дека „Гепард“ е развиен во 1976 година, а последниот тенк од овој модел германската армија го „пензионираше“ во 2012 година, што значи дека 15-те парчиња што ќе бидат испратени во Украина ќе мора прво да бидат вратени во борбена оперативност. На тој начин можат да бидат обезбедени вкупно 50 тенкови „Гепард“, кои германскиот производител Krauss-Maffei Wegmann практично ги обновува од поранешни германски воени залихи.

Заедно со тенковите, Германија ќе овозможи и тренинг од страна на германските вооружени сили, како и речиси 60.000 парчиња муниција, објави германската ДПА.

- Реклама -