Мишел Кобке од Германија тврди дека е во врска со патнички авион Boeing 737-800. Го вика Schatz (во превод: срцка). Се запознале, вели, пред 5 години, на аеродром.
Било тоа љубов на прв поглед, а првото што ја привлекло кај Срцка биле крилата. Кога нејзините родители дознале за нејзината љубов, биле пријатно изненадени, вели Кобке.
Таа секоја вечер спие со авионот, поточно со 1.6-метарска макета од моделот. Го опишува како своја прва љубов и најдрага врска, а е решена и да се омажи за него. Да, Кобке претходно излегувала и со мажи, последен пат во 2011-та година, но „никогаш не почувствувала љубов пред да го запознае Schatz“ на тој прекрасен ден на берлинскиот аеродром Tegel.
Сепак, љубовта знае и да боли, а на Кобке посебно тешко ѝ паѓа што врската им е на далечина. Едноставно таква му е работата на Schatz, да лета околу светот.
На друштвениот профил на Кобке стигнуваат секакви коментари за нивната врска. Таа едноставно им враќа дека „никогаш не била посреќна“.
„Првиот лет ми беше во ноември 2013-та и тогаш се заљубив во авионите. Се возбудувам секогаш кога гледам фотографии и снимки од авиони… Во март 2014-та бев на аеродромот Берлин-Тегел и тогаш слета 737-800. Уште од тогаш сум заљубена во него“, раскажува Германката.
Според неа, немаат проблем ни со интимноста. „Интимноста е дел од нашата врска. Сакам да се омажам за својата љубов и да живеам со него во хангар. Тоа е посебен вид на љубов која никому не му штети“, истакнува Мишел.
Дали е сериозна или се шегува, не знаеме. Во случај да е првото, се работи за објектофилија – ceкcyaлен нагон кон неживи предмети. Кај ваквите луѓе е сосема вообичаено да чувствуваат силна привлечност, приврзаност и дури и љубов кон одредени предмети или структури (мост, на пример).