Германскa телевизија објавила „вонредна вест“: Русија нападна!

„Русија нападна балтичка земја, НАТО е на пат да возврати“, се зборовите кои ги оставиле подзинати германските гледачи кога викендов им била соопштена „веста“ на почетокот на една аналитичка ТВ емисија на германската национална телевизија ZDF. „Заедно со европските и германските сојузници, американската војска моментално се движи по копно, воздух и вода за да стигне до Естонија и да ги протера руските сили кои ја нападнаа земјата, исто како претходно во Крим“, прогласил водителот, само за во следната реченица да ги смири гледачите и да им соопшти дека се работи за „шега“.

„Не грижете се. Не е точно. Ова е само фантазија, но и многу реално сценарио, зар не“, рекол тој.

Како што објаснил во емисијата, оваа вест била објавена за луѓето да се потсетат дека војната можеби е неизбежна, дека ако се случи ќе биде изненадување и одненадеж, и дека Германија ќе треба да ги брани и своите најмали сојузници, вклучително Естонија. Потоа продолжил со анализата, во која аргументирал дека сега, на свои 70 години постоење, НАТО е многу пофрагилно од било кога низ својата историја, низ која Алијансата бележела само успеси.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

Како што пишува Russia Today, ваквиот „каскадерски потег“ не може да биде сфатено само како обид за сензационализам и гледаност, макар и што се работи за еден од најпознатите германски водители и угледни новинари – Клаус Клебер.

Не може да биде сфатен ниту како шега, бидејќи ги тривијализира мошне реалните проблеми во регионот и меѓу сојузниците во НАТО. „Естонија не е некаква измислена земја па да биде користена како играчка во измислена приказна“, пишува RT, поставувајќи го прашањето:

„А што ако луѓето го сфатат ова сериозно? Замислете да прочитате во западните медиуми дека руска национална телевизија објавува лажни вести за напад на НАТО врз Калининград. Би го сметале ли за провокативно новинарство, или би сметале дека Кремљ неодговорно ги зголемува тензиите и ја подготвува Русија за војна против Западот?“

- Реклама -