Германската воена индустрија подготвена да ѝ испорача над сто тенкови на Украина

Германските компании за оружје се подготвени да испорачаат повеќе од 100 борбени тенкови во Украина, вклучително и „Леопард“ и обновените британски тенкови „Челинџер 1“, објави денеска весникот „Ханделсблат“, цитирајќи извори од воената индустрија.

Германија може да испрати тенкови „Леопард 2“ во Украина кои првично беа наменети за Чешка и Словачка. Украина го моли Западот конечно да ѝ испрати тешки тенкови, додека министрите за одбрана на САД и Германија разговараат за испраќање оружје за кое Киев вели дека би можело да одлучи за судбината на војната.

Како што се наведува, многу набљудувачи не го очекувале „Челинџер 1“, кој во игра го воведува групата „Рајнметал“, а според добро упатени извори, купила и надградила двоцифрен број британски тенкови од Оман.

Прочитајте и:  Москва: Дискусиите на Западот за вооружување на Украина со нуклеарно оружје се крајно неодговорни

Возилата би можеле да ѝ бидат предадени на Украина подоцна оваа година, изјави лице запознаено со ситуацијата.

Украина веќе добива британски главни борбени тенкови, иако од типот „Челинџер 2“, и оваа варијанта е помодерна од нејзиниот претходник, иако и двата модели би имале ист главен топ, што би го олеснило снабдувањето со муниција и логистиката, пишува весникот.

Сојузниот канцелар Олаф Шолц досега се изјасни против поддршката за испраќање германски тенкови во Украина, бидејќи стравува од ескалација.

МИА

- Реклама -