Германски медиуми: САД на Русија ѝ понудиле украинска територија во замена за мир

САД на Русија ѝ понудиле 20 отсто од територијата на Украина во замена за мир, пишуваат германски медиуми. Белата куќа, пак, демантира.

Според германскиот весник „Ноје Цирхер цајтунг“ (НЗЗ), кој се повикува на двајца германски политичари, шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) – Вилијам Барнс, наводно му понудил на Киев „мир во замена за земја“, а на Москва – „земја во замена за мир“. Имено, според предлогот, 20 отсто од окупираната територија на Украина би ѝ припаднала на Русија.

Сепак, според весникот, двете страни ја одбиле таквата понуда. Во Киев ги отфрлаат сите предлози за поделба на нивната територија, а во Москва се сигурни дека „во секој случај долгорочно ќе ја добијат војната“.

Прочитајте и:  Вонредно обраќање на Путин до нацијата во врска со војната во Украина

Вашингтон, меѓутоа, демантира дека имало таков предлог.

„Оваа верзија на настаните е целосно лажна“, изјави неименуван функционер на ЦИА за Њузвик.

И заменик-портпаролот на Советот за национална безбедност при Белата куќа, Шон Дејвид, рече дека информациите на НЗЗ „не се вистинити“.

Официјално, ниту Москва ниту Киев не ја коментираа оваа информација.

Извор: МИА

- Реклама -