Германско обвинителство: Уапсени четворица припадници на Хамас, планирале напади врз еврејски институции низ Европа

Четворица членови на палестинската милитантна група Хамас се уапсени под сомнение дека планирале напади врз еврејски институции низ Европа, соопшти денеска германското обвинителство.

Тројца од осомничените се приведени во Берлин, а четвртиот во Ротердам, Холандија, пренесуваат британските медиуми.

Четворицата уапсени биле долгогодишни членови на Хамас и биле тесно поврзани со раководството на воениот огранок на групата, тврдат обвинителите.

„Мораме да направиме сè што можеме за да се осигураме дека Евреите во нашата земја веќе нема да мораат да се плашат за својата безбедност“, рече германскиот министер за правда Марко Бушман.

Европските власти претходно предупредија на зголемен ризик од напади на исламистите радикализирани од израелската војна со Хамас.

Прочитајте и:  Хамнеи: Апсење не е доволно, треба смртна казна за израелските лидери

МИА

- Реклама -