Германците го предупредија Трамп!

САД ќе претрпи „значителни економски штети“ од намерата на новиот претседател, Доналд Трамп, да воведе трговски бариери, предупреди Матијас Висман, шеф на германската Асоцијација на автомобилската индустрија (VDA).

Ова ќе е истовремено тежок удар за американската економија и проблем за меѓународната трговија, смета Висман, цитиран од Reuters. Трамп, кој дојде на власт со ветување да се задржи што е можно повеќе работни места во индустријата на САД, веќе го направи првиот чекор во насока на трговски рестрикции, го повлече членството на земјата во Транс-тихоокеанскиот трговски договор (TPP). Со тоа практично договорот и огромните напори на претходната американска администрација да се склучи, „паднаа во вода“. Австралија веќе изјави дека како резултат на одлуката на Трамп понатаму ќе смета на Кина, а не САД како свој главен трговски партнер.

Трамп сака, исто така да ги преиспита условите на одамна постоечкиот северноамериканскиот договор за слободна трговија (NAFTA) и да воведе увозни давачки од 35% за автомобили, кои се монтираат во Мексико и во перспектива, во други земји. Во вторникот Трамп се сретна со шефовите на General Motors, Ford и Fiat Chrysler за да разговара за задржувањето на работни места во САД.

Прочитајте и:  Медведев: Европските политичари сакаат ескалација на украинскиот конфликт по победата на Трамп

Матијас Висман истакна дека во последните седум години германските производители на автомобили се зголеми производството во САД седум пати, до 850.000 примероци. Над половина од ова производство е наменето за извоз. – Ако воведе тарифи или увозни давачки, американската влада практично сама ќе ја пресече гранката на која седи, коментира Висман.

Во моментов трите германски гиганти во премиум сегментот инвестираат сериозно во изградба на фабрики во Мексико, каде работната рака е значително поевтина отколку во САД. Висман коментира исто така, дека треба да се направи се што е можно Британија да остане во единствениот европски пазар – спротивното би донело многу сериозен ризик и за земјата и за ЕУ како целина.

Автоплус

- Реклама -