Германците во 2021 година заштедиле рекордни 7.700 милијарди евра

Берлин, 3 јануари 2022 (МИА) – Германците во 2021 година дополнително ги зголемија своите заштеди, така што нивното богатство порасна на рекордни 7.700 милијарди евра, соопшти ДЗ банка.

Економистот на ДЗ Банка, Михаел Стапел, изјави дека главна причина за зголемување на имотот на граѓаните на Германија е повторно рекордното штедење.

Стапката на штедење минатата година иако забележа пад во однос на 2020 година, сепак изнесува 15 отсто. Тоа значи дека Германците на секои 100 евра кои ги имале на располагање, заштедиле 15 евра.

Бранот штедење почна во 2020 година со појавата на пандемијата, а штедењето е помало во текот на летото на 2021 година, кога се чинеше дека завршува Ковид-19.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои

Потрошувачкото расположение се намали есента, со првите знаци за нов пандемиски бран и мерките за затворање, истакна Стапел.

- Реклама -