Get Lucky: кондоми за среќа

Најверојатно веќе сте ја слушнале хит песната за летово Get Lucky од Daft Punk. Но ова сигурно не сте го слушнале!

Легендарното француско дуо наводно склучил договор за соработка со светскиот произведувач на кондоми, компанијата Дурекс. Како дел од промоцијата на нивниот нов албум “Random Access Memories” ќе се појават и нова линија на кондоми “Get Lucky”.

Гласините за ова веднаш се прошириле низ светот, откако познатиот ди-џеј Diplo поставил фотографија со необичното пакување на кондоми на својот Instagram профил, со коментар: Фала му на бога што вчера имав Daft Punk кондоми!

Иако се уште не постојат официјални информации за нивната соработка со Дурекс, оваа вест ги израдува многубројните фанови на хитот “Get Lucky”
[youtube]http://youtu.be/5NV6Rdv1a3I[/youtube]

- Реклама -