Драгана Рогојевиќ, член на групата „Modelsice“ се подложила на пластична хирургија и од болничкиот кревет се пофалила со фотографија на социјалните мрежи.
Српаската пејачка одлучила дека е крајно време да ги извади силиконите од градите, а колку е среќна за тоа покажува и фотографијата која ја објавила на нејзиниот Фејсбук профил.
Додека лежела во болничкиот кревет, со завои околу градите, Драгана гордо позира со извадените импланти кои ги држи во рацете.
Носела и очила за сонце, но тоа не поради модата туку поради хематомот од кој заболела од маската за анестезија, неопходен дел од опремата за операцијата од овој вид.