Можете да ја јадете колку и кога и да посакате, а еве ја причината зошто треба да се консумира почесто.
Кога е во прашање летното овошје, сигурни сме дека први ви паѓаат на ум лубениците и праските, но постои уште едно вкусно овошје чија што сезона е токму сега, а кое што би требало да се најде на вашата трпеза.
Во прашање е дињата. Дињата му припаѓа на истото семејство како лубеницата и краставицата. Исклучително е богата со витамини и минерали. Содржи голем процент на витамин Ц, Б, бета каротен, како и калциум, калиум, магнезиум, фосфор и бакар.
Исто така, дињата содржи три пати повеќе калиум од лубеницата. Благодарение на големиот процент на вода, околу 95 проценти, нискиот процент на шеќер, одличниот мирис и вкус, ова овошје е идеално за летно освежување.
Водата од дињите ги стимулира бубрезите, го регулира крвниот притисок, а високото ниво на влакна помага при варењето. Бета каротенот може да помогне во борба против канцерот, а последните истражувања покажуваат дека дињата може да се користи и во борба против неколку видови на рак.
Можете да ја јадете кога и да посакате, а еве неколку причини зошто треба да ја јадете почесто:
1. Дињата е идеална за детоксикација на организмот. Ова овошје содржи 300 милиграми калиум на 100 грама и му помага на телото да го реши вишокот на натриум и така да го намали високиот крвен притисок.
2. Сокот од диња порано се користел за ублажување на болката. Доколку сакате да ја намалите, намачкајте го болното место со сок од цедена или ситно сецкана диња.
3. Во народната медицина дињата се користела за освежување и смирување на живците.
4. Дињата се користи против камен во бубрезите, го ублажува убодот од инсекти, изгореници, болести на желудникот и цревата.
5. Дињата не дебелее, па е идеална доколку сакате да ослабете.