Gimpshop: Уште една бесплатна алтернатива на Photoshop

gimpshopintro.jpg Сега и корисниците на Photoshop можат да размислат за мигрирање кон Линукс оперативните системи. Gimpshop претставува модифицирана верзија на Gimp , наменета да го долови чувството на работа во Photoshop.

Сега и корисниците на Photoshop можат да размислат за мигрирање кон Линукс оперативните системи. Gimpshop претставува модифицирана верзија на Gimp, наменета да го долови чувството на работа во Photoshop.

gimpshop.jpg

Gimp претставува водечки слободен софтвер за обработка на слики. Тој располага со долга листа на напредни функции, можности за секакви прилагодувања и е достапен за огромен број платформи.

Главната цел на Gimpshop е да им помогне на корисниците на Photoshop да се чувствуваат удобно работејќи во Gimp околината. За таа цел се направени голем број измени во интерфејсот и терминологијата. Така сите кутии со алатки кои во Gimp функционираа како посебни прозорци, сега се обединети во една MDI (Multidocument Interface) апликација.

Како резултат на тоа, најголемиот дел од туторијалите за Photoshop можат да се искористат и за Gimpshop без или со многу мали измени.
Бројните plugin додатоци за Photoshop исто така можат да се користат доколку се инсталира pspi, а се разбира остануваат на располагање и не толку малиот број додатоци за Gimp.

Gimpshop е бесплатно достапен за сите најпознати платформи: Linux, Solaris, Windows како и Mac OS X, ја следи GNU лиценцата и филозофијата на слободниот софтвер.
[Gimpshop]

 

- Реклама -