Гир: Не се точни тврдењата дека ЕУ не ја сака Северна Македонија, членството на земјата ќе биде од корист за сите нас

Не се точни тврдењата дека Европската Унија не ја сака Северна Македонија за членка на ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир, на настанот со кој започнаа Деновите на НАТО во земјава, по повод одбележување четири години од членството во Алијансата и 75 години од формирањето на истата.

-Вообичаено е да се слушнат гласови на сирени кои велат дека оваа земја не може да и’ пристапи на Европската Унија дали затоа што Унијата не ја сака внатре или затоа што не е способна да биде дел од Европската Унија. Ниту едно од овие тврдења не е точно. Ние сакаме Северна Македонија да биде дел од Европската унија. Патот е практичен и многу лесно остварлив, подвлече Гир.

Во тој поглед, додаде евроамбассадорот, го споделува мислењето дека патот на Европската Унија е пат на просперитет, на зајакнување на демократските вредности и владеењето на правото и е пат на стабилност. Но, исто така, рече, тоа е и пат на безбедност и навистина веруваат дека членството на земјава во Европската Унија ќе биде од корист за сите, рече Гир.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

Од овие причини, истакна евроамбасадорот, ја поттикнуваат Македонија да се придвижи што е можно побрзо кон Европската Унија.

-Сакаме оваа земја да биде дел од Европската Унија врз основа на исполнувањето на обврските коишто ги презеде во јули 2022 година, по кои следуваше меѓувладината конференција и скрининг процесот, како и имплементацијата на реформите коишто беа утврдени во текот на процесот на скрининг вклучително и тие коишто се наброени во новиот план за раст и реформи на Европската Унија, рече Гир.

- Реклама -