Трагите од морфиум во човечката урина досега се сметаше како доказ за злоупотреба на опојни дроги или конзумирање на намирници кои содржат афион. Меѓутоа, една нова студија упатува на трет можен извор на морфиум. Научниците успееа да докажат дека глувците и некои други цицачи, а веројатно и човекот се способни самостојно да произведат морфиум во нивните тела.

Морфиумот обично се добива од опиумскиот афион, но научниците долго шпекулираа дека животните веројатно се способни да го синтетизираат, особено заради фактот што нивните мозочни рецептори реагираат специфично на морфиумот. Сега научниците успеаа да ги потврдат овие теории.
За потребите на студијата на глувците им беше вбризгуван tetrahydropapaverolin, односно хемикалијата која афионот во комплексен процес ја претвора во морфиум. Научниците кои учествуваа во истражувањето претпоставуваат дека животните во организмот имаат развиено токму таков сложен систем заради што се во можност самостојно да произведат морфиум. Тие додаваат дека постои голема можност и човечкото тело да го има наведеното својство кое се активира во состојба на шок или тешки повреди. Наредните студии ќе бидат насочени токму на докажување на само-производството на морфиум кај луѓето. [Mice Can Synthesize Their Own Morphine, Research Shows]