Ѓорчев: Францускиот предлог не е добар, Договорот со Бугарија може да се репреговара

Марјан Ѓорчев, поранешен македонски амбасадор во Бугарија денеска изјави дека францускиот предлог не е добар за Македонија и дека Договорот со Бугарија може да се репреговара.

– Францускиот предлог не е добар за Македонија. Договорот со Бугарија може да се репреговара. Има член каде што стои дека може да се репреговара, рече Ѓорчев во емисијата „Дејли клик“ на ТВ 21.

На прашањето дека еврокомесарот Оливер Вархеји неодамна изјави дека Договор не може да се репреговара, Ѓорчев рече дека дека тој сега ќе биде сменет, а исто така ќе има избори и во Бугарија.

-Вархеји сега ќе биде сменет. Нема да биде тој, ќе биде некој друг. Тоа е шансата. Прво има шанса затоа што има избори во Бугарија, и вие ќе видите кои се тие сили. Во Бугарија има многу рационални полчитичари кои ја ценат Македонија. Лично сметам дека со овие лица од ГЕРБ можеме да преговараме. Петков беше во ВМРО-ДПМНЕ, разговаравме многу конструктивно, паметно како да ги надминеме проблемите. Вие имате право да дадете предлог анекс на тој договор. А, СДСМ кога видоа дека тоа е ќорскокак, требаше да предложат промени на истиот, изјави Ѓорчев.

Прочитајте и:  ЈСП ќе добие шест еколошки автобуси донација од ЕУ
- Реклама -