Град на иднината

Еко-Град 2020Една руска компанија го открила својот план за изградба на голем град под купола во напуштен рудник за дијаманти во Сибир. Градот, наречен Еко-Град 2020, би бил изграден внатре во рудникот за дијаманти Мир, втората најголема дупка направена од човек во светот. Дупката, која има дијаметар од 1200 метри на врвот и е длабока околу 550 метри е толку масивна што воздушните струи спречуваат прелет врз неа.

Една руска компанија го открила својот план за изградба на голем град под купола во напуштен рудник за дијаманти во Сибир. Градот, наречен Еко-Град 2020, би бил изграден внатре во рудникот за дијаманти Мир, втората најголема дупка направена од човек во светот. Дупката, која има дијаметар од 1200 метри на врвот и е длабока околу 550 метри е толку масивна што воздушните струи спречуваат прелет врз неа.

Еко-Град 2020

Ако проектот започне да се реализира, тогаш рудникот ќе биде целосно покриен со стаклена купола која ќе го штити градот од суровите сибирски зими. Соларни келии сместени во куполата ќе го обезбедуваат целиот град со електрична енергија. Според планот Еко-Град 2020 би требало да биде изграден на неколку нивоа, со огромно централно јадро. На главното ниво ќе бидат сместени паркови и области за рекреација, додека надворешните ѕидови ќе бидат претворени во тераси на кои ќе се наоѓаат станбените простории.

Еко-Град 2020

Под главното ниво ќе бидат сместени вертикални фарми и шуми, кои потребната светлина ќе ја добиваат преку атриум сместен во централното јадро и систем од огледала. Според проценката на компанијата која ја планира изградбата, во Во Еко-Град 2020 ќе можат да живеат околу 100000 луѓе. Архитектите исто така се надеваат дека оваа градба, прва од ваков тип во светот би привлекла и туристи во суровиот источен Сибир.

Еко-Град 2020

Веројатноста овој план да стане реалност не е многу голема, барем не во блиска иднина, но доколку се изгради, овој град би можел да послужи и како модел за слична (но помала) градба во која би можела да се смести нашата прва колонија во еден од кратерите на Месечината или Марс.

Прочитајте и:  Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци
- Реклама -