Гулаб vs Интернет: Што е побрзо?

Повеќе... Кој е побрз во пренесувањето информации: гулаб писмоносец или интернет провајдер од Јужна Африка?


carrierpigeonflickr1-150x132.jpgКој е побрз во пренесувањето информации: гулаб писмоносец или интернет провајдер од Јужна Африка?

Во експериментот направен од страна на една изнервирана IT компанија, 11 месечниот гулаб писмоносец со име Винстон бил побрз за 25% од  јужноафриканскиот водечки интернет провајдер – Telkom во пренесувањето на информациите.

Винстон, со мемориска картичка прицврстена на неговата нога, ги прелетал 80-те километри од канцелариите на Unlimited IT во близина на Pietermaritzburg до градот Дурбан за еден час и 8 минути. Заедно со даунлоадот, трансферот на податоците траел вкупно 2 часа, 6 минути и 57 секунди, а за истото време податоците биле пренесени само 4% со помош на Telkom.

Интернет конекцијата е ужасно бавна во Јужна Африка заради лимитираниот проток и лошата инфраструктура, но се очекува ситуацијата да биде подобра со новиот подводен оптички кабел долг 17.000 km кој ќе ја поврзе Јужна и Источна Африка со другите мрежи и кој се планира да се постави пред Јужна Африка да стане домаќин на светското првенство во фудбал следната година. [SA pigeon ‘faster than broadband’]

- Реклама -