Гласот кој ќе недостасува: Почина актерка од Big Bang Theory

Семејството од ТВ екраните, изгуби еден сакан член, Керол Ен Суси која ќе остане запаметена по нервозната интерпретација на гласот,  на мајката на Хауард.

Актерката починала по кратка борба со агресивен рак во 62 година од животот. Таа ја толкуваше улогата на г-ѓа Волвиц, мајката на Хауард, чие лице во серијата се уште не се појавило, но нејзиниот глас го препознава секој фан.

kerol-en-susi-foto-ap-1415785080-589207

Продуцентите  на телевизиското шоу изразија сочувство.

Керол е позната по улоги во бројни серијали, како што се „Вовед во Анатомија“, „Грдата Бети“, „Луди седумдесети“ и многу други.

- Реклама -