Нарцисоидите обично имаат многу поразлични приоритети од емоционално интелигентните луѓе, што може да предизвика постојана напнатост во нивната љубовна врска. Терапевтката Ерин Ленард од САД вели дека токму оваа разлика во приоритетите може да создаде несогласувања, бидејќи и двете страни се сосредоточени на различни аспекти од животот.
За „Сајколоџи тудеј“ (Psychology Today), терапевтката издвои четири од „најбитните“ приоритети на нарцисоидните партнери и спротивно – четири приоритети на емоционално зрелите луѓе во љубовните врски.
1. Нарцисоидите се грижат само за себе. Секогаш се ставаат себеси на прво место, често занемарувајќи ги потребите на другиот во врската.
Овој штетен самофокус може да ги направи несвесни за она што се случува околу нив, вели Ленард.
2. Материјални добра и изгледот.
Нарцисите се сосредоточуваат на материјалните придобивки и на физичката убавина, наместо на нивните сакани. Тие, така, често ги занемаруваат обврските кон партнерот, појасни терапевтката.
3. Избегнуваат разговор за непријатни емоции. Нарцисоидите честопати не сакаат да говорат за чувствата, што укажува на фрустрација или повлеченост и коешто, исто така, може да создаде оптоварување во односите.
4. Одржување на емоционална контрола.
Нарцисоидите се обидуваат да ја задржат емоционалната контрола врз своите партнери, честопати и манипулирајќи со нивните чувства. Нивната љубов е често условена, што кај партнерот создава несигурност и зависност, објаснува Ленард.
Особини на емоционално интелигентните партнери:
1. Мислат на потребите и чувствата на саканите. Терапевтката наведува дека емоционално зрелите луѓе им даваат приоритет на нивниот/-ата сакан/-а, покажувајќи емпатија и разбирање. Тие активно слушаат и се трудат да ги задоволат потребите на другиот.
2. Ја разбираат важноста „да се биде тука“ за своите сакани.
Нивниот фокус е на одржување на квалитетна врска, изјави Ленард.
3. Исцрпни, битни разговори за „тешките“ чувства. Емоционално интелигентните луѓе се подготвени да ги изразат своите чувства и да ги поттикнат партнерите да го сторат истото, создавајќи и така подлабока врска.
4. Квалитетно време со саканите. Ако човекот е емоционално зрел, тој ќе го нагласи и цени минувањето време со оние што ги сака, ценејќи ги меѓусебните разлики во мислењата и чувствата. Способноста на ваквите луѓе да ценат различни гледишта ги зајакнува односите и ја поттикнува довербата, се наведува во заклучокот.