Главоболки за време на бременоста

Главоболката за време на бременоста може да крие многу сериозни заболувања кај идните мајки, предупредуваат стручњаците од болница во Саутемптон. 90% од случаите на главоболка се резултат на стрес, напнатост или мигрена. Обично болките во главата можат да се појават во текот на изминатите шест месеци од бременоста, пишува „Дејли Мејл”. Но,  еден мал процент жени се загрозени од потенцијално опасни по живот невролошки проблеми, кои се „маскираат” во форма на обична главоболка.

„Главоболката е честопати симптом во нашите животи. Некои жени доживуваат силни болки во главата, додека го носат своето дете, што во повеќето случаи не може да им наштети на мајката и бебето, но едноставно може да биде непријатно. Сепак некои видови главоболки можат да бидат опасна индикација, која треба да се одреди правилно од гинеколозите. Тие треба брзо да се запознаат со симптомите и да знаат кога да побараат совет од специјалист ” , објасни д-р Кристи Ревел.

Прочитајте и:  Овој викенд се поместуваат стрелките на часовникот: Како оваа промена влијае на луѓето?

- Реклама -