Гледајте го лансирањето на Falcon Heavy на SpaceX во живо

За едно 70 минути од моментов на пишување (во 21:45 часот по наше време), SpaceX на Илон Маск ќе го дочека моментот што долго се чекаше – тест лансирањето на Falcon Heavy.

Во меѓувреме, SpaceX објави одлична анимација што покажува што очекуваат и што посакуваат да се случи, како тие, така и ние – целото човештво. Бонус, сето тоа со легендарната песна на Дејвид Боуви – „Life on Mars“.

Ако уште не знаете зошто лансирањето на Falcon Heavy е толку важно, еве мало објаснување:

Falcon Heavy е најмоќната ракета во светот. Кога ќе се одлепи од земјата, ќе стане најмоќната оперативна ракета во светот, и тоа на 2-ри степен помоќна од втората најмоќна на светот.

Прочитајте и:  „Тесла“ и Илон Маск обвинети дека без дозвола „ги копираат“ дизајните и идеите од филмот "Јас, робот“

Со способност да подигне скоро 64 тони во орбитата – што е еквивалент на масата што може да ја подигне 737 џетлајнер товарен со патници, багаж и гориво, Falcon Heavy може да подигне повеќе од дупло поголем товар од следното по моќ оперативно возило – Delta IV Heavy, и тоа за третина од трошокот.

Повелете анимацијата, а по неа и линкот/видеото на кој можете да го гледате лансирањето во живо.

ВИДЕО ВО ЖИВО:

ЛИНК: КЛИК

- Реклама -