Glee се враќа со полна постава во четвртата сезона

Тинејџерската серија Glee, која е расчекор меѓу комедија и мјузикл, се враќа со четврта сезона и тоа во полна постава, со сите досегашни актери, потврди телевизијата Fox.

Тоа значи дека сите 15 глумци од актерската клапа што досега толкувале улоги во Glee ќе се вратат за потребите на четвртата сезона, која Fox ја најавува како револуционерна, иако не сите ќе настапуваат во секоја епизода.

Креаторот на Glee Ryan Murphy им понудил нови договори на актерите што ги играат членовите на истоимениот средношколски клуб: Dianna Agron (Квин), Heather Morris (Британи), Naya Rivera (Сантана), Darren Criss (Блејн), Mark Salling (Пак), Chris Colfer (Курт), Amber Riley (Мерцедес), Kevin McHale (Арти), Jenna Ushkowitz (Тина), Harry Shum Jr (Мајк), Lea Michele (Рејчел) и на Cory Monteith (Фин) и сите ги прифатиле понудите да се вратат во серијата со која се прославија.

Покрај нив, се враќаат и Matthew Morrison (Вил), Jane Lynch (Сју) и Jayma Mays (Ема), кои ги толкуваат улогите на професорите.

Ќе се врати и Chris Overstreet во улогата на Сем, кој ја напушти серијата по завршувањето на втората сезона. Исто така, за него се шпекулира дека веројатно ќе стане регуларен член на актерската постава.

{youtube}0cay2dnuhcs{/youtube}

- Реклама -