Глобално, но наше! Рита Ора откри дека македонскиот ајвар „Перустија“ е дел од нејзината селекција во Нов Зеланд!

Македонскиот ајвар навистина не познава граници, а тоа го потврди и светската музичка ѕвезда Рита Ора! Пејачката, која веќе некое време живее во Австралија, неодамна ги изненади своите фанови од Балканот со фотографија објавена на нејзиниот Инстаграм, направена за време на нејзината посета на Нов Зеланд. „Малку од ова, малку од она“, напиша Ора, објавувајќи слика од полица полна со тегли од познатиот бренд „Перустија“, кој е производ на штипската фабрика „Ларс“. Со краткиот и забавен опис „A little bit of this, a little bit of that“, таа јасно демонстрираше дека овој деликатес е во нејзиниот избор при пазарувањето. Штипскиот ајвар освои и австралискиот континент. Ова не е само обична фотографија, туку и доказ за успешниот извоз на македонските производи.

Прочитајте и:  Нојер останува во Баерн уште една сезона.

Фабриката „Ларс“ од Штип години наназад стратешки го пласира ајварот „Перустија“ на пазарите во Австралија, Нов Зеланд, Канада, САД и Европската Унија, натпреварувајќи се со светски познати брендови. Проектот е достапен во големите маркетите низ Нов Зеланд, наменет за сите кои трагаат по автентичен, традиционален вкус без вештачки додатоци.

Кога мегапопуларна личност како Рита Ора ќе спомне вашиот производ, тоа е најдобриот доказ за квалитетот кој излегува од штипската фабрика. Изгледа дека штипските мајстори на ајварот добија нова светска амбасадорка, која знае да го препознае вистинскиот квалитет!

Рита Ора, светска поп-ѕвезда со потекло од Косово, и нејзиниот избраник Таика Ваитити од Нов Зеланд стапија во брак во 2022 година.