Со старите македонски народни приказни израснаа многу генерации. Времето врви, генерациите се менуваат, а приказните чиниш како да се направен денес. Се’ уште атрактивни и уникатни и по својата содржина, реализација, актерска изведба… Ги гледаат и се потсетуваат на нив и повозрасните, им се радуваат и учат од нив и поновите генерации.
Лазар Бараков е глумец кој често пати го гледавме во многу улоги но, тој стана препознатлив по улогите во македонските народни приказни каде најчесто беше сиромав или слуга, а во никој случај не треба да ги заобиколиме и улогите во: „Трст виа Скопје“, „Тврдокорни“, „Марка“, „Погрешно време“ и многу други.
Сепак, македонските народни приказни остнаа обележје на Лазар, а во врска со улогите кои ги имаше знае да каже:
-„Повеќето улоги кои ми ги даваа мене, другите колеги не ги сакаа зошто ги сметаа за понижителни, но јас ги сакав зошто секоја улога е важна и убава“, констатира Бараков.
Сепак, во реалниот живот Лазар е далеку од сиромаштијата бидејќи го има најголемото богатство што може да го посака еден човек.
Потекнува од струмичкото село Мокрино. Тој е татко дури на три деца со кои особено се гордее, како и тие со него.
Она што можеби е малку познато, е тоа дека неговите деца, Македонка, Викторија и најмалиот Александар Бараков имаа улоги во приказните уште од мали.
Животното сценарио на Бараков во реалноста има сосема поинаква приказна од онаа по која се трасираше неговата кариера.